Погба: Се вратив во Јуве за повторно да ја добијам радоста од играње фудбал
Пол Погба вели дека се вратил во Јувентус за да ја добие можноста повторно да „биде Погба“ и да ја врати радоста од играње фудбал по неуспешното враќање во Манчестер јунајтед.
Французинот првпат пристигна во Јувентус во 2012 година како слободен играч од Јунајтед, по што во 2016 беше продаден за 105 милиони евр, за сега, шест години подоцна повторно да е во Торино, повторно зачудувачки како слободен играч. Тој вели дека добивал понуди со повисоки плати, но посочува дека „врската“ со „старата дама“ секогаш останала силна.
„Доме, слатки доме. Се чувствувам одлично, атмосферата не можам да ја опишам и едвај чекам повторно да сум во дресот на ‘бјанконерите’. Сакам да ја вратам радоста од играње фудбал. Зборував постојано со Алегри, Дибала, Квадрадо, Ањели и Недвед и секогаш бев во контакт со целиот клуб. Моето срце одлучи за мене и сигурен сум дека ова е вистинската одлука. Овој дрес ми значи многу, Јувентус ми дадоа шанса да бидам Погба. Сега сакам да ја вратам таа радост, да донесам трофеи за клубот кој заслужува само да победува“, вели 29-годишниот Погба во интервју за клубот.
Su @Twitch_Italy tra pochissimo le prime parole di @paulpogba dopo il ritorno in bianconero #POGBACK
— JuventusFC (@juventusfc) July 11, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа