Подољак: Путин треба да се врати во реалноста, Русија не сака преговори, туку сака да избегне одговорност
Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак му одговори на Владимир Путин и порача дека тој „мора да се врати во реалноста“, откако рускиот претседател денеска изјави дека „Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во конфликтот во Украина, но Киев и неговите западни поддржувачи одбиваат да учествуваат во разговорите“.
„Очигледно е дека Русија не сака преговори, туку се обидува да избегне одговорност“, напиша Подољак на Твитер.
Претходно, Рускиот претседател, Владимир Путин рече дека Москва е подготвена да преговара за крај на војната, но ги обвини Украина и Западот дека одбиваат да направат компромис.
„Подготвени сме да преговараме со сите за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив. Не сме ние тие што одбиваат да преговараат, тие одбиваат“, изјави рускиот претседател на државната телевизија.
„Верувам дека дејствуваме во вистинска насока, ги браниме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. И немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани“, додаде Путин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа