Поднесено обвинение против струшкиот градоначалник за набавката на „аудито“


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Од ОЈО ГОКК на денешниот брифинг со новинарите соопштија дека обвинението е поврзано со набавката на луксузниот автомобил „ауди“, односно со злоупотреба на службената положба.

Претходно, антикорупциската комисија во 2020 година поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко, но Обвинителството тогаш го затвори случајот во фаза на предистрага.

Во меѓувреме, лани, САД, го ставија струшкиот градоначалник на таканаречената црна листа, со што го означија како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави поради негова вмешаност во значителна корупција.

01.03.2024 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега