Поднесена кривична пријава против возачот на Палчо

Вчера (07.12.2023) Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Стефан Димковски., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик.

Имено, тој се сомничи дека во временскиот период од 01 до 03.12.2023 му помогнал на Палчо, кој е осомничен за сторени кривични дела „грабнување" по член 141 и „убиство" по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Палчо од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Република Северна Македонија.

За Стефан Димковски обвинителството има отворено истрага и побарана е мерка притвор.

08.12.2023 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега