Подгответе се: Утре без струја и вода повеќе скопски општини

 

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека:

Од ЕВН Македонија добиено е известување дека на ден 23.02.2023 година (Четврток) поради планирани прекини на ел. енергија, без електрична енергија ке останат следните корисници:

• Во период од 09,30ч до 14,00ч. с Семениште (о. Сарај);
• Од 09,00 до 15,30ч. ул. Панче Неделковски од бр. 20 до бр.28 (о. Чаир);
• Од 09,00 до 11,00ч. дел од ул. Анкарска бр.21 ( о. Ѓ. Петров);
• Од 08,30ч. До 14,00 с. Нова Брезница, с. Јаболце, с. Патишка Река, с. Дражилово, с. Малчиште, с. Осинчани, с.Елеово, с. Црн Врв, с.Маркова Сучица, с. Варвара, дел од с. Батинци, сателитски центар Нова Брезница, Каменоломи, Гама градба, Рудопроект, Технопавер, Цементарница Усије- Св. Трифун, Мис Вато (о. К. Вода);
• Од 08,00ч до 12,00ч. дел од Солунска Глава (о.К. Вода) и
• Од 09,00 до 13,00ч. дел од ул. Мите Богоевски од бр. 43 до бр.47 (о. Аеродром)

Од ЈП Водовод и канализација добиено е известување дека на ден 23.02.2023 година (Четврток), без водоснабдување ќе бидат следните домаќинства:

– Поради премостување од стара на нова мрежа на ул.Димо Хаџидимов и ул.Михаил и Ефтихиј, о.Кисела Вода. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од претходно наведените улици од 09 00 часот до завршување на дефектот.
– Поради затварање на вода по барање на странка на ул св Кирил и Методиј бр42, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од ул св Кирил и Методиј (о. Центар) од 09,00 часот до завршување на дефектот
– Поради уличен дефект ф 110 с Љубанци (улицата под разервоарот) бб прекинато водоснабдување имаа корисниците од ул.7, ул 1 и ул 5 С Љубанци и викенд населба Љубанци. Водоснабдувањето беше прекинато од 09:00 часот до (општина Бутел).

22.02.2023 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега