Почна судењето за клевета: Амбер Херд го обвини Џони Деп за сексуално насилство

 

Aдвокатите на Амбер Херд го обвинија нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп за сексуален напад додека актерот се обидува да ја докаже тужбата за клевета против неа.

Адвокатскиот тим на Џони Деп ја нарече Амбер Херд „лажгa опседната со својот имиџ“ во воведните аргументи на судењето за клевета меѓу поранешните сопружници.

Деп ја тужи Херд поради статија што таа ја напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година за преживеано семејно насилство иако таа не го спомнува Деп со име во написот.

58-годишниот Деп негира каква било злоупотреба и ја тужи својата поранешна сопруга барајќи отштета од 50 милиони долари.

Херд (35), пак, поднесе противтужба од 100 милиони долари.

Во текот на постапката, која се емитува во живо од Судската телевизија, адвокатот на Херд, Бен Ротенборн, во своето воведно излагање рече дека доказите ќе покажат семејна злоупотреба од страна на Деп и дека таквата злоупотреба вклучува многу форми – физичка, емоционална, вербална и психолошка.

Орди навивачи се собраа пред судот на округот Ферфакс во Вирџинија во вторникот. Судењето се очекува да трае приближно седум недели.

13.04.2022 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега