Почна европска истрага против Фејсбук и Инстаграм


Европската Комисија  покрена истрага против социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, во сопственост на технолошкиот гигант Мета, поради сомнежи дека не ги почитуваат своите обврски во борбата против дезинформациите. Овие обврски произлегуваат од Законот за дигитални услуги.

„Оваа Комисија создаде средства за заштита на европските граѓани од насочени дезинформации и манипулации од трети земји и ако се сомневаме дека има прекршување на правилата, ние постапуваме“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа додаде дека борбата против дезинформациите е особено важна за време на изборната кампања.

Комисијата ќе ја фокусира својата истрага на сомневањата дека Мета не ги исполнува своите обврски според Законот за дигитални услуги поврзани со ширење на погрешни реклами, кампањи за дезинформации и координирано лажно однесување во ЕУ.

30.04.2024 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега