Почина режисерката Виолета Џолева

 

 

На 72 години почина режисерката Виолета Џолева, објави Драмскиот театар.

Во овој театар, Џолева режираше повеќе претстави, меѓу кои: Луиџи Пирандело – „Хенрих IV“ (1974) ; Пол Зиндел – „Дамите од Аламо“ (1990); Несин Азис – „Убиј ме душичке“ (1997); Васил Иљоски – „Чест“ (1998); Доналд Ли Кобурн – „Партија реми“ (2018).

Театарот изрази сочуство до семејството.

Џолева дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974 година. Била член на Радиодрамата (1958–1969); режисер во МРТ Скопје (1974–1976); режисер во Камерниот театар во Сараево (1976–1992); слободен уметник (1992–1994); од 1994 е драматург и режисер на МРТ.

Во 2018 година во Театарот за деца и младинци (ТДМ) бил прикажан првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, а во режија на Виолета Џолева.

27.06.2023 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега