Почина познат српски пејач
Денеска на 62-годишна возраст почина познатиот музичар Тони Монтано.
Полициската патрола на лице место ја затекнала Снежана Миљковиќ, роднина на починатиот Велибор Миљковиќ, попознат по уметничкото име Тони Монтано, која изјавила дека не им се јавува на телефон и не ја отворa вратата од станот.
– Ангажирале бравар кој го отворил станот, каде во фотелја бил пронајден музичарот. Екипата на итната помош излегла на местото на настанот и констатирала смрт. Истражната екипа извршила увид и го пломбилара станот. Нема траги од насилна смрт – вели изворот.
Да потсетиме, Миљковиќ кариерата ја започна како пејач во панк рок групата „Радост Европа“, формирана во 1979 година. Низ бендот поминале голем број музичари, меѓу кои и Димет Тодоров, кој подоцна станал член на Партибрејкерс и Слободан Лока Нешковиќ, кој подоцна станал член на бендот Урбана герила. Бендот имаше проби и најмногу настапуваше во белградскиот Студентски културен центар, а најмногу изведуваа песни од панк рок групата Рамонс, но и свои песни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа