Почина најстариот човек во светот, имаше 117 години
Најстариот човек на светот, Хуан Винсенте Перез Мора, почина на 115-годишна возраст во Венецуела.
Мора, роден на 27 мај 1909 година, влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2022 година како најстар човек на светот, а претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изрази сочувство до неговото семејство и сите негови сограѓани од градот Ел Кобра, од државата Тачира.
Најстариот човек на светот зад себе остави 11 деца, 41 внук и 18 правнуци и 12 правнуци, пренесува „Сан“.
„Тој секогаш ќе биде симбол на добрина, мудрост и радост, поради што неговото наследство ќе живее вечно во нашите срца и животи“, рече гувернерот на Тачира, Фреди Бернал.
Тој беше во брак 60 години со Едиофина дел Росарио Гарсија, која почина во 1997 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа