Почина Џери Спрингер
Американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер почина на 79-годишна возраст.
„Способноста на Џери да се поврзе со луѓето беше во срцето на неговиот успех во сè што се обидуваше, без разлика дали тоа беше политика, емитување или само шегување со луѓето на улица кои сакаа фотографија или збор“, рече Џене Галвин, пријателка и портпарол на семејството.
Спрингер во шоуто прикажуваше приказни со дисфункционални семејства, честопати проследени со тепачки, расправии и скандирања и извици од публиката.
Своевремено беше емитувано и на телевизиските канали во Македонија.
27.04.2023 - 20:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа