Почина актерот Рон Сефас Џонс

 

Актерот Рон Сефас Џонс почина на возраст од 66 години, објави ТМЗ.

Долго време се борел со компликации предизвикани од хронично заболување на белите дробови.

Неговиот претставник ја потврди тажната вест.

„Секој што го познаваше можеше да ги почувствува неговите топлина, убавина, дарежливост и добрина. Кариерата ја почна во театарот Nuyorican Poets Cafe, а љубовта кон актерството е присутна во текот на целата негова кариера“, се наведува во официјалното соопштение на претставникот на актерот.

Рон беше најпознат по улогата на Вилијам Хил во драмската серија This is Us („Ова сме ние“), која му донесе четири последователни номинации за наградата „Прајмтајм Еми“, а ја освои двапати за најдобар гостин актер во серијата во 2018 и 2020 година.

Тој исто така глумеше во низа други серии, вклучително Law & Order: Organized Crime, Better Things, Luke Cage, Looking For Alaska.

21.08.2023 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега