Побрзајте: ФФМ ги пушта во продажба влезниците за мечот Македонија – Словенија
Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, од сабота (29 мај) започнува со продажба на билети за пријателскиот натпревар на македонската репрезентација против Словенија кој ќе се одигра на 1 јуни на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Влезниците чинат 300 денари за јужната трибина и 200 денари за источната трибина од Националната арена „Тодор Проески“. Капацитетот на Националаната арена е ограничен на 30%. Една личност ќе може да купи најмногу четири билети.
Строгите здравствени ограничувања и протоколите на УЕФА за заштита од ковид-19 се причините поради кои на северната трибина ќе биде дозволено присуство само на лица од двете репрезентации, лица од ВИП секторот и службата за организација на натпреварот.
Фудбалската федерација на Македонија билетите од западната трибина ќе ги распредели за верните навивачи на Македонија од навивачките групи кои покажаа интерес за присуство на натпреварот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа