По повеќе пропаднати љубовни врски, Џеј Ло мисли дека Бен Афлек е вистинскиот: Со тетоважи ја докажаа меѓусебната љубов

 

Џенифер Лопез и Бен Афлек, кои се венчаа во август минатата година, го прославија својот прв Ден на вљубените како брачна двојка и одлучија симболично да го одбележат денот со усогласени тетоважи посветени еден на друг.

 

„Посветеност (емотикон за бесконечност), среќен Ден на вљубените, љубов моја“, напиша 53-годишната актерка на „Инстаграм“ во вторникот и сподели неколку фотографии пред да го спомне својот претстоен албум со хаштагови: ова сме ние тогаш, ова сме ние сега, ова сум јас сега.

На првата фотографија Џеј Ло ја покажа својата нова тетоважа со знакот на бесконечност и стреличка што минува низ средината.

На симболот – кој се наоѓа на нејзиниот лев граден кош – има напишано Џенифер на едниот крај и Бен на другиот крај.

Сопругот Бен истетовира две стрели, кои се преклопуваат точно под пазувите, со „Џ“ и „Б“ испишани меѓу стрелите.

15.02.2023 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега