Плусинфо: ЈСП Скопје од следната недела останува без 100 возачи - ќе одат да работат во Германија

 

Метежот на скопските улици од 1 октомври 100 возачи од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе го заменат со тој во германскиот град Мајнц, пренесува порталот Плусинфо.

Според најновите информации на порталот, до крајот на неделава возачите на ЈСП ќе заминат за Германија каде што им се ветени многу подобри услови за работа, како и плата петпати поголема од таа што ја земале во јавното претпријатие.

Како што пренесува порталот, стоте возачи на ЈСП „Скопје“ пред извесно време потпишале договори со германска компанија во еден скопски хотел. 

– Најверојатно петок или сабота тргнуваме со колегите за Мајнц. Според договорот, ќе добиваме месечна плата од 2.600 евра и плус дополнително ќе ни се плаќаат екстра саатите кои ќе ги работиме. Компанијата ни вети дека првите два месеца ќе добиеме бесплатно сместување, а потоа најверојатно ќе треба да плаќаме одредена сума околу 200-300 евра, изјавил изворот на Плусинфо.

 

Од ЈСП „Скопје“ ги потврдиле информациите дека голем број возачи заминуваат од претпријатието. ЈСП на 19.09.2023 година на нивната интернет страна објави оглас за вработување на нови возачи во претпријатието.

Целата вест прочитајте ја ТУКА.

 

26.09.2023 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега