Пленковиќ потврди дека ќе биде носител на листата на ХДЗ на изборите за Европскиот парламент

 

Премиерот на Хрватска и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ денеска потврди дека ќе биде носител на листата на неговата партија на изборите за Европскиот парламент.

Тој позитивно одговори на новинарско прашање дали ќе ја предводи листата на ХДЗ за ЕП, пренесува Хина.

Пленковиќ ги демантираше тврдењата на опозицијата дека тоа е „бегство во Брисел““ и додаде дека ХДЗ е победничката листа на оние кои навистина работат за Хрватска да биде посила во Европа.

Европските избори во Хрватска ќе се одржат на 9 јуни, право на глас имаат сите хрватски граѓани над 18 години, а ќе изберат 12 пратеници кои ќе ја претставуваат Хрватска во Европскиот парламент.

22.04.2024 - 19:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега