Петрушевски: СДСМ со коалиционите партнери разговараше кои криминалци ќе ги заштити

 

Реорганизацијата на министерствата беше во програмата, споделена со јавноста, дебатирано на сите можни форуми, настапи и добивме историски највисока победа во историјата на Македонија. Законот се носеше во скратена постапка затоа што не газат уставни рокови, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски за „Само вистина“ на Канал 5, потенцирајќи дека целта на тоа е поефикасно функционирање и исполнување на ветеното пред граѓаните.

Петрушевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ, не разговара кои функционери на кои позиции ќе бидат како приоритет, не разговара кој ќе ги добие тендерите во РЕК Битола, не разговара кој криминалец од која политичка партија треба да биде заштитен, туку разговара за заедничка програма и усогласување со коалиционите партнери.

-Не може да усогласите владина програма, ако го немате направено тоа што стои во програмата, а тоа е реорганизација на министерствата кое што е потребно прво за модернизација, затоа што актуелните министерства не одговараат на модерните текови, и второ за поголема транспарентност, отчетност, функционирање и исполнување на она што е ветено пред граѓаните, а тоа е ефикасна борба против криминал и корупција, евроинтеграции и сите овие 1198 проекти наведен во програмата за кои сме добиле мандат да ги реализираме. Ние сме свесни дека поддршката и довербата која ја добивме од граѓаните е огромна, а со тоа сме свесни дека очекувањата на граѓаните се големи и затоа мораме да го испорачаме тоа што сме го ветиле, за да покажеме разлика дека не сме како тие претходно, нагласи Петрушевски.

Во однос на вработените и тоа што значат новите министерства, Петрушевски појасни дека станува збор само за реорганизација, сите вработени ќе бидат само прераспределени.

-Има само реорганизација на министерствата во владата. Ако ја земеме Агенција за млади и спорт, делот за спорт преминува во Министерство за спорт, тие вработени од агенцијата преминуваат во министерството, кадрите во делот за млади преминуваат во социјална политика, млади и демографија и така натаму, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека Мицкоски како мандатар прва работа која ја прави е тоа што го ветил пред граѓаните, а ако се вратиме наназад Ковачевски првата работа која ја направи е да обезбеди 203.000 евра на фирмата која тој е основач или да си купи златен прибор.

10.06.2024 - 19:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега