Петрушевска за Макфакс: Коста е само пример на еден мал милион деца кои сакаат да го искажат својот гнев

 

 

Коста е само пример на еден мал милион деца кои сакаат да го искажат својот гнев. Ние убиецот го направивме херој во медиумите а за жртвите знаеме многу малку, речиси ништо, вели во интервју за „Макфакс“ актерката Весна Бејби Петрушевска, коментирајќи го масакрот во училиштето во Белград.

Според неа општествена одговорност на јавните личности во државата е да зборуваат, да помогнат и да кажат што имаат во ваквите ситуации, но тие како што вели Петрушевска молчат.

На прашањето дали во нашата држава може да се повтори нешто слично, Петрушевска предупредува дека тоа многу брзо може да ни се случи.

„Многу брзо. Моето чувство е многу страшно и никогаш не ме излажало. Ама многу има гневни деца, има многу деца кои се на дарк нет, и играат насилни игри, гејмерите, и тоа играат онлајн. Не знам дали си слушнал како играат онлајн со слушалки и кога пукаат, какви звуци испуштаат децата кога играат. Тоа се викотници, да се извадиш од памет во другата соба, играат, викаат, трескаат, пцујат, удираат со палки. Невидена агресија се тие на фронтлајн, и други има на стејшн, на плејстејшн“, вели Петрушевска.

Целото интервју погледнете го тука.

12.05.2023 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега