Петковски: Нови пукања и престрелки, ДПМНЕ ја влошува безбедноста на граѓаните
Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија, изјави на денешната прес-конференција Петар Петковски, потпретседател на СДММ.
Вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица е последниот случај, посочи Петковски.
„Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, убиство на доктор, опожарени возила во Прилеп.
Нема промени во ДПМНЕ.
Како и за време на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога цветаше криминалот и корупцијата, кога имаше секојдневни тепачки во градските автобуси и кога МВР беше МВРО ставено во целосна услуга на Белата палата.
Оддалечување од европскиот пат ќе значи нова неизвесност и несигурност.
А граѓаните не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност.
Тоа е можно само со СДСМ и со полноправно членство во ЕУ.
Затоа, глас за СДСМ и Коалициајата за европска иднина е глас за сигурност, безбедност и стабилност“, нагласи Петковски.
02.04.2024 - 14:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа