Пет пациенти од пожарот во Кочани денеска се вратија дома по лекувањето во странство

 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на „Фејсбук“, соопшти дека денеска во Македонија се вратија пет пациенти кои се лекуваа надвор од земјата по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Еден од пациентите бил лекуван во Грција, додека четворица други во Шпанија. Тие беа пречекани на Меѓународниот аеродром во Скопје.

„Еден од пациентите пристигна од Атина, а четворицата беа транспортирани од Мадрид. Тие се во добра здравствена состојба по добиената медицинска помош во Грција и Шпанија, за што им изразуваме благодарност. Кризниот штаб при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија продолжува да ја координира репатријацијата на повредените пациенти и поддршката за нивните семејства“, се наведува во објавата.

26.03.2025 - 23:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега