Арсова: Законските измени во повеќе области се доказ дека владата работи чесно
Во синоќешното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, гостуваше пратеничката Драгана Арсова, која истакна дека за една година Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, работи исклучиво во интерес на граѓаните со значајни и битни законски решенија кои го обликуваат секојдневието на граѓаните, односно зборуваше за тоа каков е придонесот на пратениците со законските измени во повеќе области како што се социјалната политика, образованието, локалната самоуправа, дигитализацијата и енергетиката.
Пратеничката истакна дека пензионерите заслужуваат достоинствен живот и оваа Влада заедно со парламентарното владејачко мнозинство успеала да им овозможи подобар животен стандард со линеарното покачување на пензиите.
-Од областа на социјалната политика на почетокот на формирањето на Владата, успеавме да изнајдеме едно успешно законско решение со кое направивме измени на Законот за пензиско инвалидско осигурување и притоа линеарно успеавме да ги покачиме пензиите на пензионерите во износ од 5.000 денари. Со линеарното покачување на пензиите го намаливме јазот помеѓу најниските и највисоките пензии во државата со што покажавме дека водиме грижа и за најранливите категории, оние пензионери со најниски пензии, водејќи се од принципот на еднаквост и социјална правда. Ветивме дека тоа ќе го направиме во една година од формирањето на Владата, успеавме да го реализираме во рок од девет месеци, односно првото покачување пензионерите го добија во септември месец мината година, додека второто покачување од 2.500 денари го добија со исплата на мартовската пензија, вели Арсова.
Во поткастот таа истакна дека и во областа на образованието се направени клучни законски измени, со кои се овозможени учебници за сите ученици а воедно ја потенцираше и мерката за субвенциониран студентски оброк која го проширува својот опсег и ги опфаќа студентите на постдипломски студии.
-Во изминатата година Mинистерството за образование заедно со нас пратениците работеше многу на низа реформи, на многу измени на законски решенија од областа на образованието, со што морам да истакнам дека значително ја подобривме законската регулатива која се однесува на образованието. Учебната 2024/2025 година започна со испорачани над 1 милион примероци учебници кои беа на училишните клупи на учениците. Со измените на Zаконот за средно образование овозможивме поддршка на талентирани средношколци, кои ќе успеат да се квалификуваат на една од петнаесетте меѓународни олимпијади. Значително да се потенцира е и измената на Законот за субвенциониран студентски оброк, со кој освен досегашните студенти кои беа запишани на додипломски студии, оваа мерка го проширува својот опсег и сега и студентите запишани на постдипломски студии ќе можат да го користат ова право, рече Арсова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа