Пет активни пожари во земјава, повторно се активираше пожарот кај Желино
Активни се пет пожари на отворен простор заклучно со осум часот изутрина од вкупно 29 во изминатото деноноќие. Два се од контрола, а 22 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според ЦУК, повторно е активен пожарот во село Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде гори нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација. И натаму се активни пожарите во општина Василево, во с.Нивичино, со зафатена нискостеблеста шума, во Македонски Брод, во с.Грешница, мешана шума и ниска вегетација, помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа, деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, како и во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани, со зафатена мешана шума и ниска вегетација.
Под контрола се пожарите во Македонски Брод, с.Слатина, каде горат смрека, сува трева и друга ниска вегетација и во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, мешана нискостеблеста деградирана шума.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа