Песков: Нема опасност за граѓаните на Москва

 

 

Рускиот лидер го започна својот работен ден „со добивање информации директно од Министерството за одбрана и сите релевантни агенции“ за нападот. Ова го изјави Дмитриј Песков портпаролот  на рускиот претседател Владимир Путин. Тој додава дека „системот за противвоздушна одбрана функционирал добро“.

„Беше „апсолутно јасно“ дека последниот напад врз руската престолнина е „одговор на режимот на Киев“ на руските „многу ефикасни напади“ во Украина во неделата“, рече Песков.

На прашањето на Асошиетед прес дали во Кремљ постои загриженост дека нејзината „специјална воена операција“ ги загрозува руските граѓани, Песков рече дека нападите врз Русија „уште еднаш ја потврдуваат потребата од продолжување на оваа специјална воена операција и постигнувањето на поставените цели“.

Песков рече и дека „во моментов нема закана за жителите на Москва и Московската област“.

30.05.2023 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега