Песков: Германија со изјави за подготовка за војна со Русија ги задоволува Брисел и САД
Изјавите на германските власти за подготовки за војна со Русија се поврзани со потребата да им се допадне на Брисел, Вашингтон и НАТО, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој во интервју за телевизијата „Русија 1“ оцени дека Германија од Втората светска војна отсекогаш имала, како што наведе, „големи проблеми во однос на дефицитот на суверенитет и независност“, додавајќи дека германските власти се трудат со сите свои може, затоа што треба да ги задоволат и Брисел и Вашингтон и НАТО, пренесува РИА Новости
Песков смета дека затоа германските власти се тркаат да дадат изјави на различни нивоа.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека земјата мора да биде подготвена за војна до 2029 година и дека рускиот претседател Владимир Путин „нема да застане на границите на Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа