Пешевска: Најавата за политичка криза од страна на ДУИ е поради тоа што тие не можат да се помират со фактот дека се опозиција
Најавата за политичка криза од страна на ДУИ е поради тоа што тие не можат да се помират со фактот дека од викендов ќе се опозиција, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска во гостување во „Само вистина” на Канал 5 Телевизија.
„Албанците покажаа незадоволство од владеењето на ДУИ и всушност не се иселуваат само Македонци, туки и Тетово и Гостивар се празнат и тоа покажува дека не се задоволни од состојбата, политиките, економијата од било кој ресор од досегашната Влада”, истакна Пешевска.
Во однос на одговорноста за криминал и корупција во државава, таа укажа дека кога некој би одговарал тогаш ќе се запраша некој дали ќе прави криминал.
„Кога во државава еден, двајца криминалец би одговарал тогаш секој би се запрашал дали ќе биде криминалец. Не може на 21 година младич да поседува трговски центар за сметка на сите други 21 годишници кои немаат пари за студии и одат во странство за подобар животен стандард”, рече Пешевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа