Пентагон потврди: Испраќаме касетна муниција во Украина
Пентагон денеска објави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, кој меѓу другото ќе ја вклучува и контроверзната касетна муниција.
Белата куќа одржа прес-конференција за испраќање касетна муниција во Украина пред соопштението на Пентагон.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека Русија користи такво оружје од почетокот на војната.
„Русија користи касетна муниција од почетокот на оваа војна. Украина бара касетни бомби за да се одбрани од руската агресија. Во основа, ние разбираме дека таквото оружје претставува ризик, но тоа важи дури и ако Русите заземат поголема територија“, рече тој.
Саливан додаде дека американскиот претседател Џо Бајден го одобрил испраќањето на оружјето во Украина по едногласна препорака од неговиот тим за национална безбедност.
„Тоа беше тешка одлука“, рече Саливан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа