Пендаровски: Силјановска Давкова нема одговор како ќе ја надмине блокадата на патот кон ЕУ


Во вечерашниот прв телевизиски дуел на телевизија 21, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски истакна дека неговата противкандидатка нема одговор како ќе ја надминеме блокадата на патот на државата кон Европската Унија, односно како ќе се надмине проблемот со закочените измени на Уставот.
 
„Значи, вие не одговоривте, не кажувате како ќе се откочат тие промени, односно како ќе се деблокира нашата сегашна блокада кон Европската Унија, претпоставувам тоа е суштината на вашето прашање. Значи, партија која три години наназад правеше улични протести против европската преговарачка рамка и цело време изјавува дека само како Бугари сме можеле наводно да влеземе во Европска Унија не може да се вади на процедурални работи“, потенцираше Пендаровски.
 
Во оваа насока, тој додаде дека ако државата сака да ги продолжи преговорите со ЕУ, мора да се направат уставни измени.
 
„Со овој став на сегашнава опозиција ако утре биде власт па дури и ако остане во опозиција, а за уставни промени знаеме дека требаат две третини ние нема да стигнеме до 2050 да бидеме членки. Со оваа опозиција и со утрешната опозиција, или со утрешната власт која ја поддржува госпоѓата ние не можеме до крајот на веков да станеме. Тоа вие мислите дека ќе можете од позиција на нечленка да ги условувате овие кои се членки вака да направат. Еве ги заклучоците на букурештанскиот самит на НАТО, 2008, кога не одбиваат. Значи, тоа е една брутална формулација, тоа е меѓународна политика, вели оваа земја кандидат за членство во НАТО, Поранешна Југословенска Република Македонија во тој момент ги исполни сите критериуми за членство остана уште спорот билатерален со Грција. При влез во Обединети Нации ние имаме услови за сите други членки, за нас имавме плус услов. И сега што требаше да направиме да останеме надвор од ОН? И денеска ќе бевме држава? Тоа се „сила Бога не моли“ во меѓународни односи. Ти кажуваш дека не треба така, дека тоа е услов кој не е за другите поставен, меѓутоа тој ти вели тоа е. Зборуваме за реал политика, не за правнички толкувања во кабинети“, заклучи Пендаровски.
 
На ова, во недостиг на аргументи, Силјановска Давкова, зборувајќи на англиски упати навреди кон Пендаровски, односно рече: Не само што не е wishful thinking, туку нема thinking, no thinking работава е“.
30.04.2024 - 22:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега