Пендаровски: Очекувам до крај да биде расчистен инцидентот со М-НАВ
Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претставниците на Струковиот синдикат на контролори на летање каде уште еднаш искажал поддршка за нивните заложби за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ.
„Очекувам до крај да биде расчистен неодамнешниот инцидент, имајќи предвид дека оваа институција е дел од критичната инфраструктура во државата и станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај“, напиша тој на социјалните мрежи.
Владата денеска ќе одржи седница, на која, како што беше најавено ќе се донесат одлуки поврзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и сите членови на Управниот одбор, како и ревизија за досегашното работење.
Ова следува откако минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа