Пендаровски: Намерно се застаруваат предмети, мора да се открие зошто

Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека во државава намерно се застаруваат предмети.

Според него, мора да се открие зошто е тоа така.

„Јас сум прислушкуван цели 3 години, тој предмет е трипати враќан на повторно судење. Зошто не е завршен досега? Тука има опструкции кои се правени на страна на дел од судиите. ОСум години не може да осудите предмет… Вие може да барате изговори… Добрила Кацарска го осуди најкомплексниот случај 27април, дење ноќе имаше рочишта и го донесе до правосилна одлука. Значи се можело. ЈАс не навлегувм во казните и доказниот материјал, но многу уникатен случај, но ја заврши работата. За висината на казната може да се сложуваме или не. Еве да се вратиме за Сончев Град, во обвиниението стоело дека Јанакиески го направил делото во 2007 година, 16 години сме до првостепена одлука. Сакам да видиме зошто го прават тоа. Гледам што се се прави со тоа намерно забошотување на предмети, вчера застане предмет во кој беше Мијалков, во февруари застари предмет за кој новинарите одбројуваа, и нема одговорност и судскиот совет да реагира. ЈАс бев во 10 луѓе во 2016 кога доаѓавме на власт, кој се согласивме со аргументицјата на Брисел. Искрено ми е жал што не се спротивставивме на тоа“, вели Пендаровски.

19.10.2023 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега