Пендаровски денеска ќе одржи конвенција

 


Денеска актуелните шеф на државата Стево Пендаровски ќе одржи конвенција на која ќе ја претстави изборната програма.

„Во изминативе пет години, заедно градиме демократско и граѓанско општество. Така, обединети, и ќе продолжиме.Почнувајќи од утревечер, пред граѓаните ќе ја презентирам програмата за следните пет години.Продолжуваме да градиме општество кое ќе се темели на европски вредности“, објави вчера на Фејсбук Пендаровски.

Од неговиот изборен штаб најавија дека се планира големо присуство на терен од негова страна како и дека се предвидени многубројни средби со граѓани. Воедно планирано е да посети најмалку 60 населени места.

Изборниот штаб на Пендаровски минатата недела брифираше дека изборните штабови на другите претседателски кандидати постигнале начелен договор за одржување на мастер дебата на неутрален терен, со неутрални модератори. Сите штабови дале начелна согласност за идејата, но сè уште се усогласуваат некои технички детали.

 

Исто така, потврдено е дека нема да има исклучување на кандидати од дебатата, без оглед на барањата од некои кандидати за изземање на своите ривали. Дебатата, ќе биде организирана од страна на изборните штабови, а дополнително ќе се оствари средба со медумите, за да се изнајде решение за начинот на кој ќе се реализира оваа идеја.

02.04.2024 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега