Паркирањето во Центар ќе биде бесплатно за продлжениот празничен викенд, освен в сабота

 

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани.

Тоа значи дека во петок, недела и понеделник граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Изостанува саботата бидејќи согласно програмата за неработни денови за 2023 година на Министерството за труд и социјална политика, сабота е работен ден и затоа паркиралиштата ќе работат со вообичаено работно време, соопшти Јавното претпријатие ПОЦ.

Депото на „Пајак“ службата ќе работи 24 часа за време на празниците.

13.04.2023 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега