Папата со порака дека домашните миленици не смеат да бидат замена за децата во Италија

 

 

Создавањето семејство во Италија станува „титански напор“ што можат да си го дозволат само богатите, предупреди папата Франциско.

Говорејќи на конференцијата за демографската криза во Италија во Рим, тој рече дека миленичињата ги заменуваат децата во многу домаќинства.

„Ако одберете да имате миленичиња, а не деца – вие сте себични“, вели папата Фрањциско.

Папата рече дека падот на наталитетот укажува на недостаток на надеж за иднината, при што младите генерации се оптоварени со чувство на несигурност, кревкост и несигурност.

„Тешкотиите да се најде стабилна работа, високите кирии и недоволните плати се вистинските проблеми“, рече тој.

Предупредувајќи дека миленичињата ги заменуваат децата во некои домаќинства, папата раскажа како една жена отворила торба пред него и го замолила „да го благослови нејзиното бебе“.

„Го изгубив трпението и ѝ реков: има многу деца кои се гладни, а ти ми носиш куче?“, додаде тој.

Намалувањето на населението е голема грижа за Италија – третата по големина земја во еврозоната, пренесуваат локалните медиуми.

Според написите, земјата би можела да изгуби речиси една петтина од населението до 2050 година.

Во исто време, населението брзо старее – бројот на стогодишници во Италија е тројно зголемен во последните 20 години.

Италија често се нарекува „земја на празни креветчиња“.

Експертите предупредуваат дека кризата со населението ќе доведе до осиромашување на нацијата.

Министерот за економија Џанкарло Џорџети изјави дека до 2042 година, намалениот наталитет во Италија ќе го намали нејзиниот бруто домашен производ (БДП) за 18 отсто.

12.05.2023 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега