Папата Франциск има пневмонија - останува в болница: Ќе си даде ли оставка?

 

Откако вчера беше хоспитализиран поради проблеми со срцето, денеска е обелоденето дека папата Франциско има пневмонија.

Ноќта ја поминал во болницата во Рим „Џемели“, а денеска откако се разбудил рано наутро, докторите продолжиле да му прават тестови, за да може да дијагностицираат за што точно станува збор.

Официјалниот билтен на Светата столица објави дека се работи за респираторна инфекција, а инфекцијата со Ковид е исклучена.

Лекарите не сакаат да зборуваат за прогнозите, но се претпоставува дека тој ќе биде во болница уште неколку дена, а во прашање се и активностите за време на католичкиот Велигден.

Лекарите рекоа дека параметрите на тестовите се во нормала и дека терапијата ќе продолжи и во наредните денови.

Во Ватикан веќе се шират гласини за можна оставка на папата Франциско поради различни здравствени проблеми, јавуваат светските медиуми.

30.03.2023 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега