Пандев: Сум играл многу големи мечеви ама никогаш не сум бил среќен како денес
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев уште еднаш ја потврди својата класа и со гол во клучниот натпревар го одведе националниот тим на европско првнество.
По дуелот тој не ги криеше емоциите и истакна дека иако играл многу големи натпревари, никогаш не бил вака среќен.
„Многу сим среќен, сум играл многу големи натпревари во кариерата, но сега сум многу среќен. Мислам дека моето искуство му помогна на тимот да го оствариме овој успех“ – изјави Пандев по мечот.
12.11.2020 - 21:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа