Паднаа цените на месото и на лебот

 

Намалување на цените се забележува кај околу 50-ина производи, и тоа дел од свежото свинско месо и дел од пилешкиот асортиман. Некои од производителите сè уште ги немаат добиено договорите за субвенционирана струја. Старите резерви мора да се продаваат по стари цени.

Во дел од продавниците почнаа да се менуваат цените на основните прехранбени производи, додека кај некои сè уште нема ниту еден поевтин артикл, освен оние што се на акција.

Намалување на цените може да се забележи кај месото, кај лебот, но за најголем дел од производителите треба да се чекаат новите пратки со коригирани цени, затоа што производите на рафтовите се од залихите каде што производните цени се формирани со поскапа струја.


Производите што секојдневно се испорачуваат, како, на пример, лебот, како што можеше да се забележи во продавниците, во најголем дел сè уште е по старите цени, но како што најави претседателот на Агрокомората на ССК Горан Ѓорѓиевски, кој е и сопственик на „Специјал“, од вчера е достапен леб и по 32 денари. Најголемиот производител на леб „Жито лукс“ сè уште ги нема коригирано цените.

02.12.2022 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега