Падна фирма за канабис во Врапчиште
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од општина Врапчиште и А.К.(52) од Република Албанија, одговорно лице во правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.
При контрола и претрес било констатирано дека правното лице одгледувало канабис за медицински цели во услови спротивни на законските одредби, а при увид во документацијата доставена до комисијата констатирано е дека А.К. делумно и нецелосно ги пријавувал промените при одгледување на канабис, не водел соодветна евиденција за настанати промени, што претставува негова законска обврска до комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа