Пад на цената на нафтата за 10 отсто во 2023 година
Суровата нафта ја заврши 2023 година со цена за 10 отсто пониска од почетокот на годината, што е прва годишна загуба од 2020 година.
Падот на цената се должи на загриженоста поради зголемувањето на глобалните залихи на нафта и забавувањето на растот на побарувачката.
Во текот на годината, цените на нафтата забележаа краткорочни скокови, главно поттикнати од намалувањето на производството од групата ОПЕК +, војната меѓу Израел и Хамас и очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД.
Сепак, знаците за зголемување на производството на нафта, особено во земјите кои не се членки на ОПЕК, заедно со несигурноста за побарувачката, ги намалија цените.
Соединетите Држави достигнаа рекордно производство на нафта во 2023 година, проценето на 13,3 милиони барели дневно минатата недела, по што следи рекордно производство во Бразил и Гвајана.
Во декември, пазарите се соочија и со неочекуваното излегување на Ангола од ОПЕК, нападите врз бродовите од бунтовниците Хути кои ја нарушија трговијата во Црвеното Море и изгледите за продолжен конфликт во Газа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа