Овој фустан ќе биде избор на многу жени летово: Убавата Ева Лонгорија диктира модни трендови (ФОТО)

 

Ева Лонгорија, најпозната по улогата на шармантната Гарбриел во „Очајни домаќинки“, ужива во топлото време кое пристигна, а со следбениците на Инстаграм сподели нова фотографија.

Убавата Ева се потпира на столб, позирајќи во бел фустан без прерамки, потсетувајќи нè дека летото доаѓа.

Нејзиниот фустан е со кафени копчиња, а го искомбинирала со соодветни кафени сандали. На својот едноставен изглед додаде само обетки. Овој фустан или сличен модел сигурно ќе биде вистински хит летово бидејќи многу жени посакаа да го имаат во својот плакар.

Фустан како Ева веќе можеме да видиме на излозите, белата боја ќе биде доминантна летово, па веруваме дека ќе најде места и во вашата гардероба.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

03.05.2022 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега