Овие 5 хороскопски знаци до крајот на декември ќе ја пронајдат љубовта на својот живот

 

 

До крајот на годината за некои хороскопски знаци емоциите ќе бидат во прв план, па ќе доживеат голема љубов.

Бик

Кон крајот на месецот можеби ќе одлучат да обноват некоја претходна комуникација, повторно да се видат со некој кој некогаш многу им се допаѓал. На почетокот сè ќе биде забавно и пријателски, но во одреден момент работата ќе стане сериозна.

Рак

Големи се шансите дека ќе ви се допадне некој од вашето професионално опкружување или некој со кој постојано се среќавате во продавница, парк, теретана, кафуле... Романсата е прилично веројатна и страсна, меѓутоа не веднаш – ќе мора прво себеси да си докажете дека вашите чувства се сериозни.

Шкорпија

Слободните Шкорпии до крајот на декември би можеле да развијат чувства кон некого со кој во нешто се натпреваруваат. Ќе сфатат дека токму тој конфликт со него повеќе ги инспирира и им ги буди страстите.

Јарец

Во љубов ќе се претвори некој пријателски или работен однос кој веќе го имате. Голема е веројатноста дека некоја случајна ситуација ќе придонесе во вашето зближување, така што ќе се пронајдете во некој со кој ќе бидете среќни.

Стрелец

Големи се шансите да сретнете личност која ќе биде онаа на вашиот живот. Почетокот на врската можеби ќе биде возбудлива авантура, но подоцна ќе мора да направите отстапки во вашиот начин на живот, да се жртвувате и да се промените доколку личноста навистина ви значи.

 

20.12.2021 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега