Ова се имињата на судиите кои потпишаа свечени изјави на судовите со кои ќе раководат
Седумте судии што минатата недела беа избрани за претседатели на судовиденеска потпишаа свечени изјави во Судскиот совет.
Тоа се судиите – Бесник Авдија, кој е претседател на Основниот граѓански суд Скопје , Татјана Петровска, која е претседател на Основниот суд Битола, Билјана Толова од Основниот суд Неготино, Флутурије Дервиши од Основниот суд Кичево, Орце Јанковски од Основниот суд Крива Паланка, Јасмина Шишковска Стојковиќ од Основниот суд Прилеп и Ацо Тасев Основниот суд Штип.
Дел од судиите, Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в.д. претседатели на конкретните судови.
По потпишувањето на свечените изјави, претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, им посака среќа и успех на новоизбраните претседатели на судовите, порачувајќи дека мора да бидат одговорни во судовите каде што се избрани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа