Откажани летови за Бејрут - се интензивира конфликтот меѓу Израел и Хезболах


Поради интензивирање на конфликтот меѓу Израел и либанското движење Хезболах, денеска беа откажани повеќе од 30 летови за и од Бејрут.

Веб-страницата на меѓународниот аеродром Рафик Харири во Бејрут објави дека 15 појдовни и 29 влезни летови биле откажани од различни авиокомпании, вклучително и Катар ервејс и авиокомпании од Обединетите Арапски Емирати и Турција, пренесува Ројтерс.

Германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина летовите за Бејрут до 26 октомври.

24.09.2024 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега