Осуденик во затворот Штип со стаклена чаша удрил полицаец во глава

 

На 19.03.2025 година во 09.32 часот во СВР Штип било пријавено дека во КПУ Затвор-Штип било нападнато службено лице, кое што потоа дошло во просториите на СВР-Штип и пријавило кривично дело по чл.144 ст.4 од КЗ на РСМ.

Според пријавеното, истиот ден околу  09.00 часот, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип заедно со други затворски полицајци, откако на осуденик му издал наредба да го предаде мобилниот телефон, бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство, по што со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина.

За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип и се работи на расчистување на случајот.

20.03.2025 - 14:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега