Остануваме во државен притвор: СДСМ и ДУИ гласаа против продолжување на пасошите
СДСМ и ДУИ гласаа против продолжувањето на рокот на важење на пасошите. НА денешната седница, беше ставен на дневен ред предлог Законот кој го поднесе опозицијата но со мнозинство гласови на СДСМ и ДУИ пратениците на опозицијата беа надгласани. За гласа 46 пратеници, а против 54.
Со тоа, македонските граѓани остануваат во државниот притвор.
Доколку се донесеа измените за македонските граѓани ќе се сменеше само тоа што македонските граничари ќе можеа да ги пропуштаат на нашата граница за излез и оние со стар пасош, бидејќи штом излезете од Македонија, потоа, со стариот пасош без проблем се движите во најголемиот дел од Европа.
Предлогот што го најави ЛДП, се уште не е распореден до пратениците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа