Османи заминува за Минхен - има зафатена агенда

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција.

Како што соопшти МНР, министерот ќе има обраќање на панелот на тема „Иднината на Западен Балкан – Предизвици и можности за ЕУ и Трансатлантската алијанса”.

-На маргините на Минхенската безбедносна конференција, Османи ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји, соопшти Министерството за надворешни работи. 

15.02.2024 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега