Османи: ОБСЕ е спасена
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејзбук профил напиша: „ОБСЕ е спасена! Одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени!“.
Тој ги објави и другите важни одлуки кои денес се донесени:
-Малта и официјално е новиот Претседавач со ОБСЕ за 2024
-Продолжен е мандатот на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид
-Продолжен е мандатот на Високиот комесар за национални малцинства, Каират Абдракхманов
-Продолжен е и мандатот на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро
-Реизбран е Матео Мекачи на чело на ОДИХР
01.12.2023 - 15:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа