Трагедија: Изгоре стан во Струмица, пронајдено починато лице
Голема трагедија ја потресе Струмица кога вчера попладне Противпожарната служба во Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето, стои во информацијата на „Пожарникари Струмица“ објавена на социјалните мрежи.
„При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице.Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани“, се наведеува во објавата.
Како што соопштија, причините за настанувањето на пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежни институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа