Османи не сака да ги коментира повиците од АА, ДУИ да оди во опозиција: Имаме добри меѓучовечки релации

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи тврди дека коалицијата со Алијанса за Албанците во Владата функционира професионално и покрај се почестите повици и јавно изнесени ставови на членови на Алијанса дека ДУИ треба да оди во опозиција. Комуникацијата меѓу коалиционите партнери Османи уверува дека не е нарушена.

„Во Владата немаме никакви разлики. Најсоодветно комуницираме, соработуваме сите министри – дали од Алијанса, дали од ДУИ дали од СДСМ така да апсолутно немам забележано никаква разлика во ставови или забелешки по однос на работењето на кој било од коалиционите партнери и мислам дека тоа е важно. Останатото нема да го коментирам. Важно е дека имаме добри меѓучовечки релации, добра соработка, професионална, како министри и како коалициони партнери во рамки на Владата. Апсолутно немам забележано никакви разлики во дејствувањето“, рече министерот Османи.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во неколку наврати досега јавно го искажа ставот дека ДУИ треба да си замине во опозиција оти веќе 21 година е на власт, има навлезено длабоко во сите институции поради што тој, лично, смета дека ДУИ е рак за општеството. Сличен е ставот и на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу кој во емисија на „ТВ 21“  јавно порача дека ДУИ треба да се апдејтира и да оди во опозиција.

24.10.2023 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега