Османи на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан"
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе престојува во работна посета на Австрија, каде што ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан”, што се одржува во Виена и Вахау, на иницијатива на шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.
Како што информираат од МНР, Османи ќе се обрати на двете работи сесии на состанокот, на теми „Поплочување на патот за пристап на Западен Балкан во ЕУ преку постепена интеграција“ и „Проширување на ЕУ со Западен Балкан: Време е да се оствари!“.
20.06.2024 - 10:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа