Осамнаа голите фотографии од принцот Хари, светот запрепастен

Принцот Хари отсекогаш бил вмешан во бројни скандали уште од неговите тинејџерски денови.

Најновото секако е она со Меган Маркл, кога ја напуштија Бакингемската палата, а ретко кој се сеќава на неговите младешки изданија кои ги наполнија колумните во весниците и ги „красеа“ насловните страници на светските таблоиди.

По цели три месеци контроверзии околу здравјето на Кејт Мидлтон, која неодамна откри дека и е дијагностициран рак, јавноста не беше задоволна од поддршката што ја дадоа Меган и Хари.

Се чини дека кул врската со братот Вилијам и принцезата Кејт во овие тешки времиња беше доволна причина корисниците на социјалните мрежи да ги откопаат неговите експлицитни фотографии од минатото.

Во една објава на социјалната мрежа, Х ја инсинуира истополовата ориентација на Хари, па можеме да видиме експлицитни фотографии од него со други мажи, негови пријатели, на кои тој е полугол и ги допира, односно ги бакнува во образ.

Во друга објава на споменатата социјална мрежа го гледаме Хари во пијани изданија и – целосно гол.

– Сите гледате, ова е Хари – стоеше во описот на објавата.

Иако на сите им е познато неговото бурно минато и младост, а и самиот во еден период призна дека се борел со загубата на мајка си, принцезата Дијана, кога имал само 12 години, многумина биле изненадени и шокирани од несоодветните изданија на принцот Хари.

 

29.03.2024 - 22:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега