Орбан: Трета светска војна е реална опасност
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина е „загрижувачка и опасна“ и дека не е претерување да се каже дека постои реална опасност од светска војна.
Орбан додаде дека „се повеќе се носат одлуки за употреба на понови и посилни оружја“, и дека „Западот испраќа сè помодерна опрема во Украина“.
„Додека, од една страна, можеби звучи како претерување кога некои европски и американски лидери велат дека ако се продолжи вака, може да има трета светска војна, тоа е навистина реална опасност“, посочи Орбан.
Унгарскиот премиер додаде дека војната станува се покрвава и брутална, но дека бројот на европските земји и лидери кои го поддржуваат мирот не е зголемен.
„Во исто време, луѓето во Европа почнаа повеќе да зборуваат за прекин на огнот, мировни преговори, но бројот на жртвите се зголемува“, додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа